Луксембург со нов селектор ќе настапи на дуелот против Македонија во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2024 година, откако Никола Малешевиќ, кој дојде во 2018 година доби отказ.
Привремено решение на клупата на Луксембург ќе биде досегашниот спортски директор Маик Хандчке. Тој ќе ја води екипата на дуелите со Македонија и Португалија, а дури потоа ќе се мисли на долгорочно име.
Селекцијата на Луксембург на 26 април на свој терен ќе го одигра реваншот против Македонија.