Скандали, расправии, подметнувања, најави и докази за купување на судии, одлуки на Ла Лига против едните или другите. Сето ова го има оваа сезона во елитната лига на Шпанија, една од најсилните во светот и кога станува збор за Реал Мадрид и Барселона.
А како врв на сето тоа доаѓа шокантната изјава на претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас:
„Дали битката за титулата е завршена? Јас сум фан на Реал Мадрид, а се знае колку пати овој клуб ја освојувал титулата и кога бил во минус од 7 или 8 бодови. Замислете Реал Мадрид да победи на Ел Класико, тогаш и тоа како ќе и се приближи на Барса“ истакна Тебас.