Некогашните ѕведи на англискиот фудбал Френк Лампард и Стивен Џерард се споменуваат како главни кандидати за селекторското место во англиската репрезентација до 21 година.
Летово се очекува Англија да постави нов селектор во репрезентацијата до 21 година, а во ФА веќе на големо се разговара околу имињата на овие две поранешни големи репрезентативни ѕвезди.
Според „Телеграф“, Стивен Џерард и Френк Лампард може да очекуваат да добијат повик од ФА доколку актуелниот предводник на младиот тим на Англија, Карсли добие отказ во наредниов период.
Во Џерард или Лампард ФА гледа селекторско решение на подолг период.