Адем Мекиќ ќе го носи дресот на Задар!

206

По Тодор Гечевски, уште еден македонски репрезентативец ќе го носи дресот на Задар. Адем Мекиќ се договори со раководството на овој клуб, ќе остане до крајот на сезоната.

Мекиќ од МЗТ Скопје во јануари се пресели во Темишвар, а од денеска е нов кошаркар на хрватскиот тим. Тој нема да игра во АБА-лига бидејќи преодниот рок одамна заврши, па ќе настапува само во тамошниот шампионат.

„Можеби делува изненадувачки, но се решив за промена на средината со оглед на тоа дека моите обврски кон Темишвар во оваа сезона многу извесно, ќе завршат на 7 април. Некако прерано за моите очекувања од оваа сезона. Кога се јавија луѓето од Задар, ја прифатив понудата. Сакам да играм во клуб со големо реноме, и тоа е причината што одбрав да ја доиграм оваа сезона во Задар“, вели Мекиќ. 

 

ПретходноЗлатан е дел од составот на Шведска за мечевите Белгија и Азербејџан
СледноПеро Антиќ сепак може да има противкандидат на Изборното собрание?