Баерн му забранил на Де Лихт комбе со чоколади кои му ги подарил Зомер

1419

Шегата помеѓу играчите на Баерн се претворила во донација. Голманот Јан Зомер испорача 700 килограми чоколадо наменети за Матијас Де Лихт, но баварскиот клуб го стопирал комбето да стигне до домот на Холанѓанецот.

Минатата среда, во 38.минута од мечот Баерн-ПСЖ, Де Лихт го спаси голот по ударот на Витиња и така ја исправи грешката на Зомер. Искусниот голман во интервју после мечот порача дека ќе го награди својот соиграч.

„Ќе му испратам камион швајцарски чоколади поради потегот со кој ме спаси“.

Зомер му испорачал на Де Лихт ветените чоколади, но Баерн дознал за тоа и му забранил на Де Лихт да ги земе чоколадите. Наместо тоа Баерн предложил поклонот да се донира на некое здружение со што на крајот е направено.

 

ПретходноСамо небото е граница: Халанд со 25 одиграни меча дојде до 30 гола во ЛШ!
СледноКизиќ: Ова е победа за нов почеток и стимул за следните предизвици