Инзаги: Верував дека ќе успееме

110

Тимот на Интер по синоќешното реми 0:0 на Драгао против Порто избори пласман во следната фаза од Лигата на Шампионите. Порто заслужи да победи вчера имаше огромен број на шанси, но сепак, не реализираше ниту една од нив, па е логично и што испадна. Португалците не успеаа да погодат ниту во Милано кога загубија со 1:0.

“Јас сум многу среќен. Оддавам целосна почит кон тимот кој покажа енергија во која ниту јас не се сомневав. Имавме проблеми пред и за време на натпреварот, но играчите останаа стабилни. Верував дека ќе успееме бидејќи тимот секогаш беше фокусиран на играта. Многу сум среќен со она што го правиме и заслугите се на овие играчи кои во последните 18 месеци заедно ни донесоа трофеји и пласмани кои предолго отсуствуваа од клуб како Интер Овој успех им го посветуваме на навивачите. Сега треба да се фокусираме на Серија А и полуфиналето на Купот на на Италија . Има уште многу натпревари да се одиграат“, – рече тренерот на Интер, Симоне Инзаги

ПретходноДефинитивно Лукаку се враќа во Челзи
СледноШпанскиот јавен обвинител ќе го преземе случајот против Барселона