Вечерва се испиша историјата во европските натпреварувања, ако не и во фудбалот воопшто. Имено фудбалерот на Гент, Гифт Емануел Орбан постигна хет – трик за само три минути и тоа не мечот со Башакшехир кој се игра во моментов. Ова е реванш меч од 1/8 финалето во Лигата на Конференции а пред самиот крај резултатот беше 0:4 за гостите од Белгија.
Инаку Орбан головите ги постигна во 31.минута првиот, потоа во 32. и 34.минута.
Навистина фантастично, нешто невидено.
Секоја чест за фудбалерот на Гент.