Кизиќ: Ова е победа за нов почеток и стимул за следните предизвици

178

Со феноменалните одбрани на Марко Кизиќ, Е. Пелистер вчера успеа да ја задржи предноста против Нексе во финишот на мечот и да дојде до втората победа со која го потврди второто место во групата. По мечот младиот голман на битолските „зелено-бели“ ја истакна важноста на оваа победа.

„Честитки до екипата на Нексе за фер натпреварот. Ние сме мотивирани, одигравме добар натпревар против квалитетен ривал. Резултатот е одличен за нашиот нов старт со нов тренер. Фановите одново беа неверојатни, игравме мотивирано, не е лесно да се победи Нексе. Ова славје треба да ни даде дополнителен стимул за следните предизвици во домашното првенство и СЕХА лигата“, рече Кизиќ.

ПретходноБаерн му забранил на Де Лихт комбе со чоколади кои му ги подарил Зомер
СледноЏерард и Лампард се најсериозни кандидати за селектор на младата репрезентација на Англија