ЛШ: И Елмас ќе игра четвртфинале, познати сите екипи учеснички, ждрепката е во петок!

680

Вечерва заврши осминафиналната сесија во годинашната Лига на Шамппиони. За нас е најинтересно тоа што нашиот Дијамант, нашиот Елиф Елмас со својот Наполи ќе игра во четвртфиналето во Лигата на Шампионите, да се надеваме дека тој со наполитанците ќе стигне до завршниот меч, до финалето. А како игра Наполи сезонава тоа секако е можно.

Инаку познати се сите осум екипи во четвртфиналето.

Тоа се:

Наполи (ИТА), Реал Мадрид (ШПА), Манчестер Сити (АНГ), Интер (ИТА), Челзи (АНГ), Бенфика (ПОР), Баерн Минхен (ГЕР), Милан (ИТА).

Три екии од Италија, два од Англија, по еден од Шпанија, Германија и Португалија.

Ждрепката за 1/4 финалето, а веднаш потоа ќе се одржи за 1/2 финалето, ќе биде во петок во Нион.

Во оваа фаза сега секој со секого може да се падне, значи може да има дуели на екипи од иста земја, тука мислиме на италијанските и англиските клубови.

ПретходноЛШ – 1/8 финале: Наполи го растури Ајнтрахт, играше и Дијамантот а Бензема го урна Ливерпул! (ВИДЕО)
СледноЗатоа Реал е “кралски“ клуб: Химната на Ливерпул ечеше на “Бернабеу“! (ВИДЕО)