ЛШ – 1/8 финале: Наполи го растури Ајнтрахт, играше и Дијамантот а Бензема го урна Ливерпул! (ВИДЕО)

319

Вечерва се одиграа и последните реванш натпревари од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите. Под Везув супер – Наполи за нова убедлива победа. Триумф од 3:0 над Ајнтрахт Франкфурт пред својата публика за еуфорија, за историски пласман во 1/4 финалето во ЛШ. Осимен повторно беше во форма со два гола, во 45. и 53.минута, додека третиот гол беше дело на Зијелински од пенал во 64.минута.

На овој меч настапи и Елиф Елмас кој ги одигра последните дваесетина минути на оваа средба.

Ова значи дека Наполи вкупно со 5:0 оди натаму.

Image

На “Сантијаго Бернабеу“ фантастичен фудбал меѓу Реал Мадрид и Ливерпул, меч кој заврши со триумф на “кралевите“ со 1:0 и тоа со голот на Бензема во 79.минута. Веднаш треба да се каже дека и на двете страни имаше по неколку идеални шанси за гол, но сепак голманите Куртоа и Алисон беа фантастични.

Реал Мадрид со вкупни 6:2 се пласира во следната фаза во оваа сезона во Лигата на Шампионите.

ПретходноВМФЛ: Мечот меѓу Пехчево и Вардар се игра во Кичево!
СледноЛШ: И Елмас ќе игра четвртфинале, познати сите екипи учеснички, ждрепката е во петок!