Пеп објасни зошто го заменил Халанд

400

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола даде интересно објаснување за неговата одлука да го замени Ерлинг Халанд со Џулиан Алварез во 63. минута и покрај тоа што Норвежанецот постигна пет гола во победата од 7:0 над Ред Бул Лајпциг во Лигата на Шампионите. На тој начин, менаџерот му ја ускрати можноста на својот најдобар стрелец да стане единствениот играч во историјата на ЛШ со шест гола на еден натпревар, надминувајќи ги Лионел Меси и Луис Адријано , кои исто така имаат пет гола на еден натпревар.

„Да го постигнеше ова на 22 години, ќе му беше здодевно во иднина! Сега тој ќе има цел да се стреми во иднина овде или каде и да е.Затоа ја направив промената. Не знаев за Меси и неговите пет гола против Баер Леверкузен, но обично правам замени кога ќе биде решен натпреварот бидејќи сакам да играат други играчи. Тој постигна пет гола. Проблемот е што секогаш кога нема да постигне два-три гола ќе биде критикуван. Ова е реалноста“, прокоментира Пеп Гвардиола по големата победа.

ПретходноГерманските „ултраси“ направија вистински хаос во центарот на Неапол (ВИДЕО)
СледноРоналдо зема 200 милиони евра годишно во С. Арабија, ама Меси ќе зема 300 милиони…