Бразил беше елиминиран од Хрватска во четврт-финалето на Мундијалот по изведување пенали, а по тој натпревар тогашниот селектор на Бразил Тите поднесе оставка. Оттогаш најтрофејната репрезентација во историјата на светските првенства бара селектор. Се споменуваа различни имиња, меѓу кои и тренерот на Реал, Карло Анчелоти.
Претседателот на бразилската фудбалска федерација Едналдо Родригез го коментираше потенцијалното доаѓање на Анчелоти на клупата на Бразил.
„Анчелоти? Бараме врвен тренер и многу од нив моментално се натпреваруваат со своите клубови. Не ни е грижа за националноста“, изјави Бразилецот.