Пролетна табела: Брегалница на врвот, само штипјани и стружани се без пораз, три екипи без победа…

1145

Во очекување на 24.коло во нашата елитна лига, кое ќе се игра викендов а потоа следува пауза поради репрезентативните обврски, убаво ќе биде да се направи анализа што направија и како стартуваа клубовите во ПМФЛ во пролетниот дел. Одиграни се пет кола, сепак треба да се знае дека некои од нив ги одиграа сите пет мечеви, а некои пак само три како Тиквеш на пример.

Сепак без разлика на се, секако дека оваа пролетна табела и не е толку меродавна, убаво ќе биде да видиме кој најдобро стартуваше во пролетниот дел од тековната сезона 2022/23.

И без конкуренција тоа е екипата на Брегалница, која на провизорната пролетна табела се наоѓа на првото место со 11 бодови. Новиот стратег Горан Здравков одлично тргна со “сиите“. Пет меча, три победи и две ремија, и вкупно 11 бодови, доволно за првата позиција. Да кажеме дека на тие пет меча одбраната на “сините“ прими само еден гол, а постигна седум. Одлична е оваа Брегалница под водство на Чаламот.

Само Брегалница и Струга ТЛ во изминатите пет кола немаат пораз, но стружани имаа дури три ремија и затоа се на шестата позиција на оваа пролетна табела.

Шкендија е втора, собра 10 бодови и секако дека се врати во “игра“ за титулата. На онаа “вистинска“ и севкупна табела сега има само – 5 бодови зад лидерот Струга ТЛ.

Силекс исто така имаше добар старт оваа пролет, освои 9 бодови, но од четири меча. Шкупи и А. Пандев освоија по 7, додека Струга ТЛ, Македонија ЃП и Работнички по шест бодови.

Единствени екипи кои досега пролетва не се радувале на триумф се Скопје, Тиквеш и Победа.

Да повториме, Тиквеш одигра само три меча.

Во продолжение можете да ја видите пролетната табела:

ТАБЕЛА

1.БРЕГАЛНИЦА 5 3 2 0 7:1 11 бодови

2.ШКЕНДИЈА 5 3 1 1 6:4 10

3.СИЛЕКС 4 3 0 1 10:5 9

4.А.ПАНДЕВ 4 2 1 1 8:5 7

5.ШКУПИ 5 2 1 2 10:8 7

6.СТРУГА ТЛ 4 1 3 0 3:2 6

7.МАКЕДОНИЈА ЃП 5 1 3 1 4:2 6

8.РАБОТНИЧКИ 5 2 0 3 8:7 6

9.СКОПЈЕ 5 0 3 2 2:8 3

10.ТИКВЕШ 3 0 2 1 1:3 2

11.ПОБЕДА 5 0 0 5 1:14 0

ПретходноПеро Антиќ сепак може да има противкандидат на Изборното собрание?
СледноГерманските „ултраси“ направија вистински хаос во центарот на Неапол (ВИДЕО)