Револуција: „Вилсон“ направи безвоздушна и проѕирна кошаркарска топка (ВИДЕО)

240

Производителот на спортска опрема „Вилсон“ претстави прототип на безвоздушна кошаркарска топка испечатена со 3Д, која, за разлика од традиционалните топки, нема потреба да се надувува.

Направена е од еластомерен полимер развиен од Вилсон и безвоздушната топка има проѕирна решеткаста структура со шестоаголни дупки кои дозволуваат воздухот да поминува низ неа.

Иако е отпечатена како едно цврсто парче, дизајнот содржи „шевови“ и осум панели кои даваат дизајн на традиционалните кошаркарски топки. Според Надин Липа, водечкиот инженер на „Вилсон“, компанијата имала за цел да развие топка која има исти перформанси како типичните кошаркарски топки по големина, тежина и отскокнување, но да не мора да се надувува.

Според Липа најголем предизвик им било да создадат безвоздушна топка која ќе отскокнува слично како и другите кошаркарски топки.

„Еден од најголемите предизвици на проектот беше да се најде нешто што ќе отскокнува до очекуваната височина, а во кое нема воздух. Надуената топка навистина се потпира на нејзиниот воздушен притисок за да генерира скок“, објасни Липа.

Прототипот на топката беше претставен на овогодинешниот НБА Ол-стар викенд, каде што публиката беше поканета да игра со неа. Вилсон наскоро и официјално ќе го објави својот нов револуционерен производ.

ПретходноСудиска анализа: Судиска ја потврди кражбата во Кратово
СледноМирко Лазарески освои подиум во Колашин!