Лео Меси, веројатно најдобриот фудбалер во историјата на фудбалот е во трилема за следната сезона. Дали ќе продолжи во ПСЖ, дали ќе се врати во Барса или ќе ја прифати понудата на Ал – Хилал која изнесува, верувале или не, дури 300 милиони евра по сезона. Или 900 милиони за тригодишен договор.
Се разбира оваа сума е најголемата во историјата на спортот, и е далеку поголема од онаа од 200 милиони која ја заработува Кристијано Роналдо за една година.
Шпекулациите дека Меси е блиску до договор се подгреваат поради фактот дека и негвиот личен менаџер, неговиот татко Жорге Меси, е виден овие денови во Ријад, со луѓето од Ал – Хилал.
Се разбира дека ако ова се случи, тогаш шампионатот во С. Арабија ќе биде повеќе од спектакл.
Меси и Роналдо еден против друг, фудбалски спектакл за гурмани.