Ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд со пента-трикот на реваншот од 1/8-финалето на Лигата на шампионите против РБ Лајпциг, успеа да дојде до 33 постигнати гола во Лигата на шампионите.
Она што е вредно за фудбалската историја е тоа што норвешкиот голгетер стана фудбалерот кој најбрзо успеал да дојде до бројката од 30 постигнати гола во најсилното европско клупско натпреварување во историјата.
На Халанд му беа потребни само 25 натпревари за да постигне ваков резултат. Претходно рекордот го држеше Руд ван Нистелрој, кој на 34 натпревари постигна 30 гола. Халанд стана и најмладиот играч во историјата со 30 гола во Лигата на шампионите бидејќи вчера имаше точно 22 години и 236 дена. Поранешниот рекордер Килијан Мбапе го постигна својот 30-ти гол кога имаше 22 години и 352 дена.