Судиска анализа: Судиска ја потврди кражбата во Кратово

1727

Предмалку од страна на Фудбалската Федерација на Македонија беше објавена последната анализа кога станува збор за арбитражата во ПМФЛ односно ВМФЛ шампионат.

Секако, во преден план е поништениот гол на Скопје во дуелот со Силекс при резултат 1:0 со што се потврди непобитниот факт дека тимот од Автокоманда на овој дуел беше драстично оштетен.

Целосната анализа комплетно ви ја пренесуваме.

Судиска анализа за 23 коло од ПРВА МФЛ за сезона 22/23 Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 23 коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци: На натпреварот Фк. Силекс–Фк. Скопје одигран на 11.03.2023 година, анализирани се ситуациите од 23, 46 и 64 минута. “Главен судија: Јован Качевски. Помошни судии: Давор Цветановски и Мартин Дејаноски. 23 минута:

ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Досудено офсајд позиција ) Играч од екипата на гостите додаде топка до свој соиграч надвор од 16-сетникот на домакините,во моментот на додавање соиграчот се наоѓаше позади предпоследниот играч од одбраната на домакините, ја прими топката и постигна гол. Погрешна одлука на првиот помошен судија, голот требаше да биде признаен, бидејки играчот на гостите во момент на додавање на топката се наоѓаше во дозволена позиција (позади препоследен играч на домакините). Во оваа ситуација, првиот помошен судија не беше добро поставен,односно не беше во линија со предпоследниот играч од одбраната на домакините, затоа одлуката беше погрешна. 46 минута:

ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Неосуден удар од 11 метри) Играч не екипата на домакините во 16-сетникот на гостите ја имаше топката во свој посед, сакајки да го помине противничкиот играч топаката го удри во рака противничкиот играч, меѓутоа раката му беше во природна положба (спуштена доле) и многу мала дистанца помеѓу двата играча. Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи, бидејки топката го удри играчот од гостите во раката која беше во природна положба и дистанцата помеѓу противничките играчи беше мала. 64 минута:

ИСПРАВНАПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Досудено офсајд позиција ) Играч од екипата на гостите центрираше топка во 16-сетникот на домакините, топката дојде до свој соиграч кој постигна гол, меѓутоа во момент на центаршутот соиграчот се наоѓаше пред предпоследниот играч од одбраната на домакините. Исправна одлука на првиот помошен судија, досудено офсајд позиција, бидејки играчот на гостите што постигна гол, во моментот на додавање од својот соиграч се наоѓаше пред предполседниот играч од одбраната на домакините. На останатите натпревари од ПРВА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа Судиска анализа на 20 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 22/23 Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 20 коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци: На натпреварот Фк.Беласица –Фк.Саса одигран на 11.03.2023 година анализирана е ситуацијата од 37 минута. Главен судија: Пларент Салихи Помошен судија: Дарко Јовчевски и Вјолца Изеири. 37 минута:

ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри) Играч од екипата на домакините беше во посед на топката во 16-сетникот на гостите и излезе сам пред голманот на гостите во очигледна шанса за гол, во моментот кога играчот го помина голманот над него беше направен прекршок (лизгачки старт на нога) од страна на голманот. Погрешна одлука на главниот судија што досуди индиректен слободен удар (симулација) и жолт картон за играчот на домакините, во оваа ситуација требаше да се досуди удар од 11 метри за домакините и жолт картон за голманот на гостите. На натпреварот Фк.Кожуф –Фк.Борец одигран на 11.03.2023 година анализирана е ситуацијата од 32 минута. Главен судија: Бенјамин Керими, Помошен судија: Гоан Милошевски и Бесарт Абдули

ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри) Играч од екипата на домакините ја имаше топката во свој посед во 16-сетникот на гостите, над него со недозволен старт во пределот на ногата стартуваше играч од екипата на гостите и направи прекршок. Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за екипата на домакините поради недозволен старт на нога на играч на гостите над играч на домакините. На натпреварот Фк.Слога Виница –Фк.Беса одигран на 12.03.2023 година анализирана е ситуацијата од 34 минута. Главен судија: Сашко Ристов Помошен судија: Стојан Костадинов и Михаил Џорлев. 34 минута:

ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден слободен удар над голман) Играч на домакините центрира топка во 16-сетникот на гостите, негов соиграч во полн трк се удира во голман от на гостинската екипа и со тоа го спречи да интервенира на топката, правејки прекршок, топката доага до друг негов соиграч кој постигнува гол. Исправна одлука на главниот судија, голот е поништен и досуден е слободен удар за екипата на гостите, поради недозволен старт над голманот, кој беше спречен да интервенира на топка. На натпреварот Фк.Вардар –Фк.Караорман одигран на 12.03.2023 година анализирана е ситуацијата од 34 минута. Главен судија: Марјан Дејаноски Помошен судија: Зоран Јанкулоски и Осман Зекири. 10 минута:

ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри) Играч од екипата на домакините беше во посед на топка странично во 16-сетникот на гостите (близу гол аут линијата), играч од одбран

ПретходноЛШ: Ливерпул верува во чуда, Наполи гледа кон четвртфиналето
СледноРеволуција: „Вилсон“ направи безвоздушна и проѕирна кошаркарска топка (ВИДЕО)