Репрезентацијата на Бразил е во потрага по селектор. Оставката на Тите, кој си замина по Мундијалот во Катар го остави изпразнето едно од најпосакуваните работни места во фудбалот.
Па така, водството на федерацијата е во потрага по достојна замена, а прв избор беше Карло Анчелоти.
Сепак, јасно е дека кормиларот на Реал Мадрид е тешко изводлива варијанта од проста причина што има актуелен договор, па сега јавноста шпекулира со следниот фаворит на листата. А тоа е Јоаким Лев, кој ја водеше Германија цели петнаесет години и со неа освои Светско првенство. Тој е без работа од 2021 година кога го напушти селекторското место на Германија.