Јувентус ќе го купи Емилијано Мартинез како замена за Шчесни

285

Голманот на Астон Вила и чувар на мрежата на светскиот шампион Аргентина, Емилијано Мартинез, ова лето може да се пресели во Италија и тоа на голот на Јувентус. Според торинскиот венсик „Тутоспорт“, „Старата дама“ веќе прави планови за доведување ново голманско име, откако се појавија озборувања дека Полјакот Шчесни ќе го напушти тимот по завршувањето на сезоната.

Со оглед на тоа дека односите меѓу Мартинез и неговиот сегашен тренер Емери не се идеални, 30-годишниот голман од Мар дел Плата е на излезна врата од „Вила Парк“. Луѓе на Јувентус веќе започнале со „лов“ на Мартинез, а во наредниов период се очекуваат и конкретни разговори.

ПретходноКлупската каса е „тенка“: ПСЖ ги прекина преговорите за нови договори на Меси и Рамос
СледноМилевски ги отвори „картите“: Без Николов и Спировски, Здравковски ново име (ФОТО)