Клупската каса е „тенка“: ПСЖ ги прекина преговорите за нови договори на Меси и Рамос

795

ПСЖ ги прекина преговарачките процеси со две од своите најголеми ѕвезди. Станува збор за напаѓачот Лионел Меси и дефанзивецот Серхио Рамос. Веста ја објави весникот „Мирор“, повикувајќи се на француски “Л’Екип“.

Причината поради која клубот реши да го стави во мирување процесот на обновување на договорите на двајцата ветерание поради ситуацијата со финансискиот фер-плеј.

ПСЖ беше еден од 10-те клубови кои се казнети поради финансиски прекршоци во сезоната 2020/2021.Парижани платија казна од 10 милиони евра, а плус дополнително беа казнети со уште 45 милиони евра.

Пари Сен Жермен пријави загуби во последните години, а за да се спречат посериозни санкции од УЕФА. Ако не се консолидира финансиското салдо во парискиот гигант, не е невозможно новите договори со Меси и Рамос да станат невозможни.

ПретходноЧеферин најави санкции за клубовите кои забрануваат присуство на гостински навивачи
СледноЈувентус ќе го купи Емилијано Мартинез како замена за Шчесни