Манчестер Сити со сите сили по потписот на Јошко Гвардиол

389

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол и натаму е прва трансфер мета на англискиот шампион Манчестер Сити. Според пишувањата на англиските медиуми, централниот бек на Лајпциг е високо ценет од менаџерот на „граѓаните“ Хосеп Гвардиола, кој до раководствбото на клубот веќе издал наредба да работат на обезбедување на неговиот потпис ова лето.

Покрај Сити и Челзи и Ливерпул ја следат ситуацијата околу 21-годишниот дефанзивец кој по настапите на СП во Катар сериозно ја крена својата цена на трансфер пазарот.

Првичните контакти на Гвардиола со раководството на РБ Лајпциг укажуваат дека Гвардиол би можел да се пресели во Манчестер Сити летото 2023 година.

ПретходноИнтер издржа на „Драгао“ и по 12 години се пласира во 1/4 финалето на ЛШ
СледноМилвоки прв обезбеди место во плеј-офот, Денвер реди порази (ВИДЕО)