Милевски ги отвори „картите“: Без Николов и Спировски, Здравковски ново име (ФОТО)

1800

Во пресрет на првиот квалификациски меч со Малта во циклусот квалификации за ЕП 2024, селекторот на нашата А-репрезентација, Благоја Милевски, денеска го објави поширокиот список на повикани фудбалери за следните два меча.

Покрај квалификацискиот со Малта, овој месец ќе одиграме и пријателски меч со Фарските Острови. На списокот на Милевски се најдоа дури 28 фудбалери, меѓу кои ги нема Бобан Николов и Стефан Спировски, но затоа има едно ново име како Давор Здравковски.

ПретходноЈувентус ќе го купи Емилијано Мартинез како замена за Шчесни
СледноМилевски: Денеска нема аутсајдери, но ние нашиот квалитет ќе го покажеме на терен