Полувреме: Без голови во Мадрид, Осимен за водство на Наполи!

91

Завршија првите полувремиња од реванш мечевите од 1/8 финалето во ЛШ меѓу Реал Мадрид и Наполи – Ајнтрахт.

На „Сантијаго Бернабеу“ Камавинга ја имаше најубавата шанса, но Алисон ја одби таа топка во пречката, имаше Реал уште две големи шанси за водство. На спротивната страна Нуњез двапати се закани и тоа како, но резултатот остана 0:0 по првите 45 минути. Да потсетиме дека “кралевите“ од првиот меч имаат предност од 5:2.

Под Везув очекувано, Наполи напаѓа, играчки просто го гази Ајнтрахт, Кварацкелија во два наврати имаше супер шанса за барем еден гол, но голманот на гостите Трап беше одличен на голот.

И така беше се до 45+2.минута кога Осимен стрелаше за водство од 1:0, со ова сега Наполи има 3:0 предност пред стартот на вториот дел.

ПретходноПретседателот на бразилската федерација: Анчелоти? Не ни е грижа за националноста!
СледноФантастично: Што ли му одбрани Алисон на Винициус! (ВИДЕО)