Вечерва Сплит “ГОРИ“!Каков историски, фантастичен успех за младите фудбалери на Хајдук. По Манчестер Сити, младинците на клубот од Сплит вечерва по пенал – серијата на “Сигнал Идуна Парк“ успеаја да слават и над домашниот состав на Дортмунд и да се пласираат во 1/2 финалето на Лигата на Шампиони за младинци.
Хајдук поведе во 72.минута со голот на Антуновиќ, но домашните брзо израмнија на 1:1 со голот на Ријков.
И потоа се изведуваа пенали. И победникот беше решен дури во деветтата серија кога Мане промаши а Кавељ за Хајдук погоди за голема радост, за еуфорија кај хрватските фудбалери.