Џерард и Лампард се најсериозни кандидати за селектор на младата репрезентација на Англија

115

Некогашните ѕведи на англискиот фудбал Френк Лампард и Стивен Џерард се споменуваат како главни кандидати за селекторското место во англиската репрезентација до 21 година.

Летово се очекува Англија да постави нов селектор во репрезентацијата до 21 година, а во ФА веќе на големо се разговара околу имињата на овие две поранешни големи репрезентативни ѕвезди.

Според „Телеграф“, Стивен Џерард и Френк Лампард може да очекуваат да добијат повик од ФА доколку актуелниот предводник на младиот тим на Англија, Карсли добие отказ во наредниов период.

Во Џерард или Лампард ФА гледа селекторско решение на подолг период.

ПретходноКизиќ: Ова е победа за нов почеток и стимул за следните предизвици
СледноЧеферин најави санкции за клубовите кои забрануваат присуство на гостински навивачи