Дочека Деле Али уште еден сериозен удар за неговата некогаш надежна фудбалска кариера. Тренерот на неговиот сегашен клуб, Бешикташ, Шенол Ѓунеш, каде што е на позајмица од Евертон, рече дека нема да смета повеќе на англичанецот до крајот на сезоната, затоа што тој едноставно е многу далеку од формата која што се бара од него.
„Не сакам да зборувам за него повеќе. Неговата форма е под секое можно ниво и е далеку од она што очекувавме“ – изјави Ѓунеш.
Деле Али пред само две сезони беше еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, но неговата форма доживеа огромен пад, па од Тотенхем премина во Евертон, но и таму очигледно се откажаа од него па го испратија во Турција.