Швајцарецот Џани Инфантино ќе остане на престолот на ФИФА и во наредните четири години откака ја доби поддршката од сите 211 членки на светската фудбалска федерација (ФИФА). На 72-конгрес кој се одржува во Кигали, главниот град на Руанда, Инфантино не доби противкандидат. Тој во 2016 година седна на раководната функција во ФИФА и го наследи Сеп Блатер.
Инфантино беше главниот поборник за новиот изглед на СП кое од 32 земји во иднина ќе биде со 48. Исто така во неговиот прв мандат и буџетот на ФИФА се зголеми за 30%.
На Конгресот на ФИФА во Руанда е и нашата делегација од Македонија која ја предводи претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини со генералниот секретар Филип Поповски и спортскиот директор Дени Масев.