Ливерпул не успеа да приреди чудо и да се пласира во четвртфиналето во Лигата на шампиони, на гости кај Реал Мадрид беше поразен со 1-0 со голот на Бензема. По оваа средба тренерот на премиер-лигашот, Јирген Клоп призна дека подобриот тим оди понатаму.
„Ако сакате да одите понатаму, мора да имате специјално издание, а ние тоа го немавме. Мора да признаеме дека подобриот тим оди понатаму, Реал ја контролираше играта.
Во три од четирите полувремиња Реал беа подобри. Дури и да игравме нерешено дома, со ова издание вечерва веројатно ќе бевме елиминирани“, заклучи германскиот тренер“, изјави Клоп.