Нестварна партија: Кари „решеташе“, постигна 50 поени и влезе во историјата (ВИДЕО)

139

Голден стејт не успеа да ја искористи неверојатната партија на Стеф Кари. Актуелниот првак беше пораз од ЛА Клиперс со 134-126 во битката за петото место на табелата во Западната конференција.

Кари постигна 50 поени, имаше одлична реализација, 8/14 за три поени и 20/28 од игра и влезе во историјата на НБА-лига, но за жал мораше да се помити со поразот. Тој сега е во друштво на Џордан, Џејмс, Брајант…играчи кои на полни 35 години успеале да постигнат 50 или повеќе поени на еден меч.

Кај победникот, Ленард имаше 30 поени, 8 скока 5 асистенции, Пол Џроџ застана на 24 поени.

РЕЗУЛТАТИ

Кливленд – Филаделфија 109:118

Мајами – Мемфис 138:119

Чикаго – Сакраменто 114:117

Хјустон – Лос Анџелес Лејкерс 114:110

Минесота – Бостон 102:104

Сан Антонио – Далас 128:137 (п.п.)

Лос Анџелес Клиперс – Голден Стејт 134:126

ПретходноПСЖ ќе му понуди нов договор на Рамос!
СледноМедведев не застанува – завери полуфинале на Индијан Велс