Ф4 турнирот од одбојкарскиот куп во Радовиш

104

Завршниот турнир од одбојкарскиот куп на Македонија ќе биде одигран во Радовиш од 23-ти до 25-ти март. За првиот ден се планирани машките полуфинални средби, в петок на сцена ќе бидат дамите, а в сабота двете финалиња.

И кај мажите и кај дамите ќе има по едно дерби и по еден меч со асполутен фаворит. Бранителот на ланската титула, Струмица Никоб, ќе игра со Универзитет во Тетово, а ГОК Борец ќе се сретне со Шкендија.

Во женска конкуренција три екипи се кандидати за пехарот, а среќа на денешната ждрепка имаше Наковски волеј кој во полуфиналето за противник го доби тимот на Вардар жени – финалистот од 2021-ва, но сега учесник во втората половина од натпреварите во Првата лига.

Поинтересно ќе биде во пресметката меѓу последните два освојувачи на трофејот – ланскиот Работнички Скопје и Јанта волеј.

ПретходноСУДИИ ЗА ВМФЛ: Бартон ќе го суди дербито во Охрид, Качевски ќе му суди на Вардар…
СледноСрамни “одбрани“ на екс-голман на Јуве: Дали е ова најголемиот фудбалски идиот!? (ВИДЕО)