Алварез верен на Сити до 2028 година

122

Светскиот шампион со Аргентина, Хулиан Алварез потпиша едногодишно продолжување на договорот со Манчестер Сити, па се обврза да остане на „Етихад“ до 2028 година. 23-годишниот напаѓач, кој дојде во Сити од редовите на Ривер Плата, даде 10 гола во 33 меча во првата сезона за Сити и исто така даде четири гола за Аргентина со која го освои светското првенство во Катар во декември.

Првичниот договор му беше до крајот на сезоната 2026/27, но по одличниот старт на кариерата во Сити во договорот се додадени дополнителни 12 месеци.

„Сити ми верува, а тоа е неверојатно. Задоволен сум од мојата прва сезона, но има уште многу работи кои треба да ги направам. Знам дека можам да бидам подобар, а Сити ми нуди се што ми е потребно за да го искажам потенцијалот. Сега сум фокусирам на тоа да станам подобар и да помогнам да освоиме трофеи“, изјави Алварез.

ПретходноДиректорот на Интер: Сакам да играме против Милан во финалето на ЛШ
СледноАлжир доби засилување во Хусеин Аоуар