Арсенал испадна од трката по трофејот во Лига Европа откако вечерва доживеа пораз од Спортинг Лисабон на свој терен и тоа после пеналите. Во Лисабон беше 2:2, а вечерва во Лондон мечот заврши 1:1 поради што се играа продолженија, а после и пенали.
Прво Џака го отвори резултатот во 19. минута по една одбиена топка од дефанзивците на Спортинг, а во 62 минута прекрасен гол постигна Гонкалвеш кој го лобуваше голманот Рамсдејл од огромна далечина.
Резултатот не се менуваше, па се играа пенали. По три серии резултатот беше 3-3, потоа погоди Артур Гомеш, а промаши Мартинели (голманот Адан одбрани). Следуваше погодок на Нуно Сантош за победа од на Спортинг од 5-3 по ударите од белата точка.
СИТЕ ЧЕТВРТФИНАЛИСТИ ВО ЛЕ
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
СЕВИЉА
ФЕЕНОРД
ЈУВЕНТУС
СПОРТИНГ ЛИСАБОН
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН
РОМА
РОЈАЛ УНИОН