Европската ракометна федерација објави дека има промени во однос на одржувањето на ЕВРО 2024 за жени, односно промени на локацијата на завршницата на ова европско првенство.
Познато е дека ЕП ќе се одржи во три земји, и тоа во Швајцарија, Австрија и Унгарија. Промените се поради тоа што Будимпешта се повлече од организацијата, па така Виена ќе биде домаќин на финалниот турнир.
Па така, Дебрецин останува какоединствен град – домаќин од Унгарија на ова натпреварување.
Останатите градови – домаќини, покрај Виена и Дебрецин, се Базел и Инсбрук.