Во пресрет на утрешната ждрепка: Баерн е рекордер со 17 четвртфиналиња во ЛШ во 21 век!

295

Утре во Нион со почеток во 12 часот ќе се одржи ждрепката за 1/4 финалето во Лигата на Шампионите. Нешто подоцна ќе се одржи и ждрепката за евентуалните двојки во полуфиналето.

Се знае кои се екипите, и тоа Интер, Милан, Наполи (Италија), Манчестер Сити, Челзи (Англија), Баерн Минхен (Германија), Бенфика (Португалија) и Реал Мадрид (Шпанија).

Кога сме кај 1/4 финалињата во изминатите 23 години во Лигата на Шампионите, односно во 21 век, тогаш да кажеме дека рекордер е Баерн Минхен со 17 пласмани, или подобро кажано “баварците“ само шест пати не успеале да се пласираат во оваа фаза од ЛШ во новиот век.

Следува Барселона со 16 пласмани, потоа Реал Мадрид со 15…

Во продолжение можете да видите кои клубови се најуспешни барем кога станува збор за пласманите во 1/4 финалињата во ЛШ во новиот век:

ТАБЕЛА

БАЕРН МИНХЕН – 17

БАРСЕЛОНА – 16

РЕАЛ МАДРИД – 15

ЧЕЛЗИ – 11

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – 10

ЛИВЕРПУЛ – 9

ЈУВЕНТУС – 8

МАНЧЕСТЕР СИТИ, МИЛАН – 7

ИНТЕР, АРСЕНАЛ, А.МАДРИД, ПСЖ – 6

ПОРТО, БЕНФИКА, ЛИОН – 5

ДОРТМУНД – 4

ПретходноНеверојатно: Милион луѓе аплицирале за влезници за првиот меч на Аргентина после СП во Катар!
СледноЛЕ: Феенорд го „згази“ Шахтјор, во 1/4 финалето влегоа уште Јувентус, Јунајтед и Севиља