Директорот на Интер: Сакам да играме против Милан во финалето на ЛШ

309

Три италијански екипи се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а меѓу нив се и миланските ривали Милан и Интер. Тие можат да се сретнат еден против друг во четвртфиналето,а  директорот на „нероаѕурите“ Џузепе Марота се надева дека тоа ќе биде во финалето во Истанбул.

Среќни сме што се пласиравме во следната фаза и сакаме да одиме напред. Натпревар против Милан би бил возбудлив. Сите ќе зборуваат за тоа и тоа ќе се одрази низ целиот свет, но подобро е дербито да биде во Истанбул во финалето“, коментира Марота во интервју за италијанскиот весник „Газета дело спорт“.

Тоа би било историски дуел. Јас лично би сакал да се случи тоа. Сепак, далеку е финалето, сега најважно ни е да бидеме здрави и да стигнеме до следните натпревари без повреди. Нашиот тим секогаш ни дава можност да гледаме во иднината со оптимизам, без разлика на противникот“, изјави Џузепе Марота.

ПретходноEвропскиот шампион падна пред Партизан
СледноАлварез верен на Сити до 2028 година