Жешко во Сивас: Навивач влезе на терен и удри фудбалер на Фиорентина

384

Фудбалерот на Фиорентина Алесандро Бјанко беше нападнат од хулиган на Сиваспор кој влезе на терен и го удри во лице. „Виолетовите“ славеа со 4:1 на нивен терен, а дел од фановите на турскиот тим не можеа да го прифатат поразот. Во 89 минута хулиган влезе на теренот го удри Бјанко. Фудбалерот по мечот го покажа расрвавениот нос.

Инцидентот е забележан, сигурно ќе реагира и УЕФА па турскиот тим ќе си заработи казна.

ПретходноАлжир доби засилување во Хусеин Аоуар
СледноЛК: АЗ Алкмар го елиминира Лацио, а Андерлехт го сопна Виљареал