Инфантино доби нов мандат за претседател на ФИФА!

240

Швајцарецот Џани Инфантино ќе остане на престолот на ФИФА и во наредните четири години откака ја доби поддршката од сите 211 членки на светската фудбалска федерација (ФИФА). На 72-конгрес кој се одржува во Кигали, главниот град на Руанда, Инфантино не доби противкандидат. Тој во 2016 година седна на раководната функција во ФИФА и го наследи Сеп Блатер.

Инфантино беше главниот поборник за новиот изглед на СП кое од 32 земји во иднина ќе биде со 48. Исто така во неговиот прв мандат и буџетот на ФИФА се зголеми за 30%.

На Конгресот на ФИФА во Руанда е и нашата делегација од Македонија која ја предводи претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини со генералниот секретар Филип Поповски и спортскиот директор Дени Масев.

ПретходноБензема ги израдува навивачите на Реал Мадрид!
СледноКрај на една историја: Салах е на продажба, позната е цената, но и можниот тим?