ЛЕ: Арсенал прими луд гол за продолженија, Рома, Ројал Унион и Леверкузен си завршија работа

831

Баер Леверкузен, Рома и Ројал Унион се пласираа во четвртфиналето на Лигата на Европа и им се придружија на Јувентус, Феенорд, Севиља и Манчестер Јунајтед кој денеска порано го заверија билетот за наредната фаза.

Рома одигра без голови во Сосиедад, а победата од 2:0 на првиот меч во Рим им беше доволна за место понатаму. Баер Леверкузен со 2:0 славеше на гостувањето кај Ференцварош (и првиот меч заврши со ист резултат) одека белгиски Ројал Унион  со 3:0 го победи Унион Берлин и за првпат избори пласман во четвртфинале на едно европско натпреварување (првиот меч во Германија заврши 3:3).

А во Лондон играат Арсенал и Спортинг. Првиот меч во Лисабон заврши 2:2, вечерва на Арсенал му требаше победа. Направи предност со голот на Гранит Џака во 19 минута, меѓутоа во 62 минута прими луд гол.

Педро Гонкалвеш со шут од огромна далечина го лобуваше голманот Рамсдејл за 1:1 поради што Спортинг се избори за продолженија.

 

ПретходноЛК: АЗ Алкмар го елиминира Лацио, а Андерлехт го сопна Виљареал
СледноМуса го предводеше Реал до победа над Милано