Екипата на Феенорд се пласира во четвртфиналето на Лигата на Европа после највисоката победа во поновата историја. Вечерва на „Де Кујп“ беше прегазен Шахтјор Доњецк со 7:1. Првиот меч заврши 1:1, а на реваншот тотална доминација на холандската екипа.
По два гола постигнаа Кокчу, Идриси, а по еден Хименез, Јаханбакш и Данило.
Јувентус исто така избори пласман во следната рунда по уште една победа над Фрајбург, сега во Германија со 2:0. И во Торино беше 1:0 за „Старата дама“, сега повторно славеше благодарение на головите на Душан Влаховиќ во 45 минута од пенал и на Федерико Киеза во 90+5 минута. Домашните од 44 минута останаа со играч помалку поради втор жолт картон на Гулде поради што си ги намалија шансите за добар резултат против италијанскиот великан.
Манчестер Јунајтед со две победи го елиминира Бетис. Во Манчестер беше 4:1, сега во Севиља славеа Англичаните со 1:0 со голот на Рашфорд во второто полувреме.
А Фенербахче ја победи Севиља со 1:0 меѓутоа не се пласира понатаму затоа што на првиот меч Севиља славеше со 2:0.
Вечер играат Арсенал – Спортинг, Ференцварош – Баер Леверкузен, Сосиедад – Рома и Ројал Унион – Унион Берлин.