ЛК: АЗ Алкмар го елиминира Лацио, а Андерлехт го сопна Виљареал

112

Изненадувачки резултати на реванш мечевите од Лигата на конференции по кои беа елиминирани Лацио и Виљареал, клубовите од кои се очекуваше да играат најмалку полуфинале. Лацио претрпе пораз на гостувањето кај АЗ Алкмар од 2:1, а со оглед на тоа дека изгуби и во Рим со истиот резултат италијанскиот тим се збогува со ЛК.

Лацио поведе со голот на Фелипе Андерсон во 21 минута, изедначи Карлсон седум минути подоцна, а во второто полувреме со голот на Павлидис холандската екипа славеше победа и пласман во четвртфиналето.

Елиминација претрпе и освојувачот на Лига Европа од 2021 година Виљареал. Шпанците по ремито 1:1 против Андерлехт на првиот меч во Брисел, вечерва изгубија на свој терен со 0:1. Слимани погоди во 73 минута и го одведе Андерлехт во четвртфиналето.

Вест Хем со уште една убедлива победа над АЕК Ларнака отиде понатаму. На Кипар славеше со 2:0, вечерва во Лондон 4:0.

Понатаму отидоа уште Ница која го елиминира Шериф со вкупни 4:1 (3:1 вечерва и 1:0 во Тираспол).

Базел успеа да влезе во четвртфиналето по подобро изведување на пеналите во дуелот со Слован Братислава. И на двата меча беше 2:2, па се шутираа пенали во кои Швајцарците беа поуспешни со 1:4.

СИТЕ ЧЕТВРТФИНАЛИСТИ НА ЛК
ЛЕХ ПОЗНАЊ, ФИОРЕНТИНА, БАЗЕЛ, АЗ АЛКМАР, НИЦА, АНДЕРЛЕХТ, ВЕСТ ХЕМ, ГЕНТ

ПретходноЖешко во Сивас: Навивач влезе на терен и удри фудбалер на Фиорентина
СледноЛЕ: Арсенал прими луд гол за продолженија, Рома, Ројал Унион и Леверкузен си завршија работа