Следниот четврток (23 март), нашата репрезентација ќе го стартува новиот квалификациски циклус за пласман на ЕВРО 2024. И кога е така, тогаш редно е и фудбалерите да играат во нова опрема. Како што најавуваат од Фудбалската федерација на Македонија, за мечот со Малта нашите репрезентативци ќе играат во нова опрема од прозводителот “Јако“, барем како што се гледа од фотографијата која е преземена од ФБ профилот на Фудбалската федерација на Македонија.
Да се надеваме дека новите дресови ќе им донесат среќа на нашите репрезентативци и не само на мечот со Малта, туку и во новиот циклус на квалификациите за ЕВРО 2024.