Рускиот тенисер Данил Медведев се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс, откако го совлада Шпанецот Алехандро Давидович Фокина со 2:0, по сетови 6:3, 7:5.
Медведев му го одзеде сервисот на противникот на стартот од мечот, спаси брејк топка во четвртиот гем и рутински ја заврши работата во првиот сет.
Беше многу повозбудливо во продолжението. Давидович Фокина имаше брејк топки во четири последователни гема на кои сервираше Медведев, но Русинот покажа ментална сила и не му дозволи на Шпанецот да му го одземе сервисот.
Откако не искористи пет брејк можности, Давидович Фокина потклекна во 11. гем, го загуби сервисот, а Медведев набрзо стигна до триумфот.
Противник на Данило Медведев во полуфиналето на Индијан Велс ќе му биде локалниот тенисер Френсис Тијафо.