Муса го предводеше Реал до победа над Милано

70

Кошаркарот од БиХ, Џанан Муса имаше фантастична партија во победата на својот Реал Мадрид над Армани Милано со резултат 91:87 во рамките на 26.коло на Евролигата. Муса постигна 27 поени и придодаде пет скокови и три асистенции, па за малку ќе го достигнеше личниот евролигашки рекорд од 28 поени против Валенсија.

По Муса во Реал најефикасни беа уште Валтер Таварес со 17 поени и Хезоња со 12.

Кај Милано, Шабаз Напиер постигна 17 поени.

Валенсија славеше над Фенербахче со 82-80, а Панатинаикос го победи Лион во гости со 86-82. Претходно Макаби ја совлада Басконија 93-79.

Партизан го победи Ефес во гости со 97-84, Монако беше подобар од Болоња со 81-68 и лидерот на табелата Олимпијакос впиша бодови на гостувањето кај Каунас со победата од 74-72.

 

ПретходноЛЕ: Арсенал прими луд гол за продолженија, Рома, Ројал Унион и Леверкузен си завршија работа
СледноАрсенал елиминиран, Спортинг преку пенали во 1/4 финале на Лига Европа!