Неверојатно: Милион луѓе аплицирале за влезници за првиот меч на Аргентина после СП во Катар!

115

Навистина Аргентинците и буквално се луди по фудбал. Имено како што известуваат тамошниот медиуми, дури еден милион луѓе аплицирале онлајн за влезница за првиот меч на својата репрезентација после освојувањето на светската титула во Катар.

Тој натпревар се игра следниот четврток и тоа против Панама на “Монументал“ во Буенос Аирес. Стадионот е со капацитет од “само“ 80.000 места па затоа ќе има место само за најсреќните.

Уште поголемо лудило е кога станува збор за новинарските акредитации за овој меч. Имено вкупно 130.000 новинари пуштиле барање за акредитации за овој прв меч на Аргентина после СП во Катар.

Неверојатно…

ПретходноБудимпешта се повлече, финалето на ЕП 2024 за жени ќе се одржи во Виена!
СледноВо пресрет на утрешната ждрепка: Баерн е рекордер со 17 четвртфиналиња во ЛШ во 21 век!