Сосема неочекувано ако се знае што досега се најавуваше од таборот на ПСЖ, сепак клубот од Париз има намера да му понуди нов договор, важечкиот му истекува во јуни, на искусниот стопер Серхио Рамос. Како што известуваат медиумите кои се блиски до ПСЖ, претседателот на “светците“ Насер Ел – Келаифи бил задоволен од тоа како Серхио Рамос игра во последно време.
Сепак со новиот договор Шпанецот би земал нешто помала плата од сегашната, која изнесува 10 милиони евра нето и тоа на годишно ниво.
Инаку Рамос за две недели ќе полни 37 години. Договорот кој ПСЖ имал намера да му понуди е едногодишен.