Во три дена ќе се одиграат сите мечеви од 21.коло во ВМФЛ. Одредени се и судиите за тие натпревари. Дербито во Охрид, во кое се среќаваат Воска и Пелистер, а се игра во среда, ќе го суди еден од нашите најдобри делители на правдата, Јосип Бартон.
Јован Качевски ќе биде “главен“ на средбата меѓу Пехчево и Вардар, а Игор Стојчевски ќе им суди на Саса и Тетекс.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 21.КОЛО – НЕДЕЛА (15 Ч)
Саса – Тетекс: Игор Стојчевски (Скопје)
Пехчево – Вардар: Јован Качевски (Струга)
Караорман – Кожув: Сашко Ристов (Гевгелија)
Борец – Арсими: Спире Арсов (Кочани)
Детонит – Охрид: Никола Иванов (Велес)
САБОТА:
Гостивар – Слога (В): Доне Ристовски (Гевгелија)
Беса – Беласица: Благојче Ралевски (Битола)
СРЕДА:
Воска – Пелистер: Јосип Бартон (Скопје)