Фановите на ПСЖ спремаат протести против Меси: Да си одиш!

658

И оваа година ПСЖ не успеа да дојде до пехарот во ЛШ. Бадијала во тимот и Меси, Мбапе, Нејмар, и оваа година фудбалерите на клубот од Париз ги разочараа своите фанови.

Лео Меси веќе втора сезона е во ПСЖ, но кога е најпотребно, посебно во ЛШ, ни одалеку не е тој Меси на кој што се навикна фудбалскиот свет да го гледа, а зема 40 милиони евра нето годишна плата.

Токму затоа како што се најавува, фановите на ПСЖ имаат намера во недела на мечот против Ренс на „Паркот на принцовите“ да протестираат против Аргентинецот.

Да си одиш, не ни требаш веќе. Ти си преплатен за тоа што го даваш на теренот во дресот на ПСЖ. Едноставно не го сакаме веќе во нашиот клуб“ велат фановите на ПСЖ.ж

Интересно е тоа што на тие четири меча со Реал и Баерн, од минатата година и оваа кога ПСЖ беше елиминиран во ЛШ, Меси имал само три удари кон противничкиот гол, едноставно беше невидлив, ниту асистенција а уште помалку гол.

ПретходноПотенцијалните купувачи на Јунајтед имаат рок да ги достават понудите
СледноСаутгејт не ги повика Стерлинг и Александер-Арнолд за мечевите со Италија и Украина!