Европскиот шампион Анадолу Ефес доживеа пораз на домашен терен од Партизан со 84-97 во Евролигата кој дратсично си ги намали шансите за место во Топ 8 и пласман во следната фаза. Партизан со оваа победа се искачи на шестата позиција со огромни шанси за пласман понатаму.
Инаку Ефес фантастично го отвори мечот со 23:11 по првата четвртина, но во втората тотално падна му дозволи на Партизан да го сврти резултатот и на полувреме да замине со предност од 37-39. Ефес повторно ја врати предноста во третата четвртина, меѓутоа во завршната пак „заглави“, а Партизан беше најпрецизен кога требаше и на крајот славеше.
Клајбурн со 22 поени беше најдобар кај Ефес, Брајант постигна 16, додека кај Партизан најефикасен беше Пантер со 19, Лесор даде 17…
На другите мечеви Монако славеше над Виртус Болоња со 81:68, а Олимпијакос беше подобар од Жалгирис во гости со 72-74. Вечерва се играат уште четири натпревари.