ЛК: Фиорентина и Лех убедливо до четвртфиналето

84

Полскиот Лех Познањ и италијанската Фиорентина се првите екипи кои изборија место во четвртфиналето на Лигата на конференции оваа сезона. Лех славеше со 2:0 на домашен терен против Ѓургарден од Шведска, а славеше на реваншот со 3:0.

Домашните од 44 минута играа со фудбалер помалку поради црвениот картон на Даниелсон, а во финишот на вториот дел Марчвински, Квеквешкири и Шкорас ја донесоа убедливата победа на Полјаците.

Фиорентина победнички си замина од гостувањето кај Сивас. Дома победи со 1:0, а славеше вечерва на гости со 1:4 па со два триумфи избори место понатаму. Инаку Сивас прв дојде во водство со голот на Јесилурт во 35 минута, а изедначи Кабрал во 44 минута.

Во вториот дел следуваа уште три гола: Миленковиќ, автогол на Гутас и погодок на Кастровили.

Слован Братислава и Базел играат продолженија. Првиот меч заврши 2:2, вечерва во Братислава Слован на полувреме водеше со 2:0, но Базел го изедначи резултатот па мечот отиде во продолженија.

ПретходноЛЕ: Феенорд го „згази“ Шахтјор, во 1/4 финалето влегоа уште Јувентус, Јунајтед и Севиља
СледноEвропскиот шампион падна пред Партизан