Меси доби понуда за паметење, богатиот принц предупредува: Не е ниту блиску до Роналдо!

485

Лионел Меси се уште е во преговори со францускиот шампион ПСЖ за продолжување на соработката. Договорот меѓу двете страни не беше постигнат поради недоволната парична понуда на парижаните, а тоа планира да го искористи Ал Хилал од Саудиска Арабија, кој му подготви договор за паметење на Меси.

По Кристијано Роналдо, кариерата во Саудиска Арабија би можел да ја продолжи и Лионел Меси. Според бројните европски медиуми, Ал Хилал му понудил договор за паметење од 220 милиони евра по сезона.

Саудијците сонуваат да имаат две икони на светскиот фудбал во својата лига. Успеаа да го убедат Роналдо да дојде со понуда од 200 милиони евра на годишно ниво и Португалецот потпиша за Ал Наср, а сега тргнаа по неверојатниот Аргентинец.

Ал Хилал би ја завршил целата работа со помош на државата. Едноставно, политичките структури треба да помогнат во ваквите трансфери.

Таткото на Лионел Меси, Хорхе, во вторникот беше во Саудиска Арабија. Тоа веднаш ги подгреа шпекулациите дека тој е во преговори да дојде во оваа земја, но многу поизвесно е дека постариот Меси бил таму поради договорот што Лео веќе го има со оваа земја.

Меси потпиша спонзорски договор со Саудиска Арабија. Тој има обврска да го рекламира туризмот на оваа земја и за тоа зема огромни бројки на годишно ниво.

По бројните вести за Меси, поранешниот претседател на Ал Хилал, принцот Абдулах бин Мусаед, смета дека доаѓањето на Аргентинецот во овој клуб не би го надминал она што го направи Ал Наср со доведувањето на Роналдо.

„Ако Лионел Меси дојде во Ал Хилал, клубот нема го надмине тоа што Ал Наср го направи медиумски со доведувањето на Кристијано Роналдо“, убеден е принцот алудирајќи дека ЦР е многу поголемо „лице“ во светот на маркетингот.

Меси од ПСЖ бара плата од 40 милиони евра годишно и гаранција дека ќе биде стартер во тимот без разлика кој ќе биде на клупата.

ПретходноКлоп: Мора да признаеме, подобриот тим оди понатаму!
СледноБензема ги израдува навивачите на Реал Мадрид!